Новости

Битола инфо

Нутри-зона на БИТ ФЕСТ

Здружението за промовирање на здрава исхрана, Нутри-зона Битола е здружение на граѓани, со главна цел – промовирање на здравата исхрана и здравиот начин на живот кај широката популација. Својата цел здружението, меѓудругото, ја остварува и преку одржување на едукативни предавања и настани од таа област, како оваа нутриционистичка и здравствена едукација, каде главен акцент се става на значењето и важноста на водата како дел од здравата исхрана.

Здравата и балансирана исхрана и доволната количина на внесена вода е важна за правилно функционирање на организмот на човекот во секој период од животот и во секоја состојба во која се наоѓаме (спортување, намалување на телесна тежина, бременост, болест)…

„Телесната тежина е објективен параметар кој сите можеме да го измериме, но сама по себе, таа не е доволна за да го одредиме степенот на исхранетост. Затоа е воведен индексот на телесна маса, според кој можеме да го одредиме тоа. Степенот на исхранетост укажува за здравствената состојба, но и сигнализира за предиспозиција кон одредени болести. Покрај тежината, за одржување на добра здравствена состојба важна е и хидрираноста на организмот, односно застапеноста на телесна вода, како и застапеноста на мускулно, коскено и масно ткиво. Сите овие параметри бесплатно ќе бидат одредени за време на едукативното предавање, за сите заинтересирани, а на прашањата во врска со здравата исхрана ќе одговори дипломиран нутриционист“, велат од Нутри зона.

На настанот, свои презентации ќе имаат и професорки од Технолошко – технички факултет, отсек нутриционизам, а предвидена е и работилница за најмладите на тема здрава исхрана и здрав начин на живот.

Karmen
To Top