Новости

Битола инфо

Обазованието на крстопат – меѓународна конференција во Битола на Светскиот ден на науката

Македонското научно друштво Битола на 10 ноември, Светскиот ден на науката ќе организира Mеѓународна научна конференција со наслов „Образованието на крстопат – состојби, предизвици, решенија и перспективи“. Конференцијата ја организираат во соработка со Педагошкиот факултет Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Учителскиот факултет во Белград при Белградскиот универзитет, Факултетот за образование на наставници при Универзитетот во Загреб, Педагошкиот факултет при Универзитетот во Марибор, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Високата школа за струковни студии за воспитувачи „Михаило Палов“ во Вршац при Белградскиот универзитет и Високошколско средиште Ново Место. Исто така Меѓународната конференција е поддржана од Македонска Академија на Науки и Уметности – МАНУ.

Предлог теми кои ќе се обработуваат на конференцијатаќе бида: Предучилишното воспитание и образование на крстопат; Одделенската настава и учење на крстопат; Предметната настава и учење на крстопат; Општото и стручното образование во услови на промени; Патот на високото образование; Учењето на возрасни на крстопат; Неформалното учење и поучување во услови на промени; Стручните служби во образовните институции во услови на образовни реформи; Наставничката професија на крстопат; Односот на образовните институции и локалната заедница во услови на промени.

Трудовите може да се однесуваат и на: Курикулумот; легислативата; поставеноста на системот; дидактички решенија; методички одлуки и решенија; улога на наставникот; улога на ученикот/оној кој учи; ИКТ во наставата и учењето; работа со надарени и талентирани; работа со деца и ученици со проблеми во учењето и развојот; иницијалното образование на наставниците; кариерен развој на наставниците; стратегии за учење и поучување; семејството во наставата и учењето; учење и евалуација од колегите; медиите/медиумите во функција на наставата и учењето; истражување на наставата и учењето; валидација на учењето; педагошка практика; менторирање …

Пријавување на наслов со апстракт – 17.09 2017 (апстракт до 250 зборови и најмногу 5 клучни збора- на македонски и/или на англиски јазик).

Претседател на на Меѓународната научна конференција – Д-р Марјан Танушевски (Македонија)

Претседател на Програмскиот комитет – Д-р Деан Илиев (Македонија)

Членови на програмскиот комитет: Д-р Ролф Голлоб (Швајцарија); Д-р Данимир Мандиќ (Србија); Д-р Иван Прскало (Хрватска); Д-р Валентина Гулевска (Македонија); Д-р Марко Мархл (Словенија); Д-р Лукас Томчик (Полска); Д-р Шафагат Махмудова (Азејберџан); Д-р Вера Радовиќ (Србија); Д-р Матјаж Дух (Словенија); Д-р Лидија Цвикиќ (Хрватска); Д-р Снежана Илиева (Бугарија); Д-р Соња Петровска (Македонија); Д-р Јелена Пртљага (Србија); Д-р Наташа Ангелоска Галевска (Македонија); Д-р Божидара Кривирадева (Бугарија); Д-р Јоанна Лукашек (Полска); Д-р Вероника Марин (Шпанија); Д-р Љупчо Кеверески (Македонија); Д-р Јоана Јанкулова (Бугарија); Д-р Емил Сулејмани (Македонија); Академик Грозданка Гојков (Србија); Д-р Дејана Боуиллет (Хрватска); Д-р Даниела Андоновска-Трајковска (Македонија); Д-р Јасмина Старц (Словенија); Д-р Едуардо Енкабо Фернандез (Шпанија); Д-р Марта Ќјесјелка (Полска); Д-р Хуан Хозе Варела Тембра (Шпанија); Д-р Сашо Кочанковски (Македонија); Д-р Татјана Атанасоска (Македонија); Д-р Јасмин Јагањац (Босна и Херцеговина); Д-р Јернеја Херзог (Словенија); Д-р Едуардо Рафаел Родригез Мачадо (Шпанија).

На конференцијата се учествува со:

  1. Регистрација за редовно учество– (за учесници кои ќе пријават наслов и ќе партиципираат на конференцијата) до 10.2017 год. – 60 EUR за самостоен автор и прво регистрираниот коавтор и по 30 EUR за секој нареден коавтор во денарска противвредност
  2. Регистрација за виртуелно учество – (за учесници кои ќе пријават наслов и нема да учествуваат лично на конференцијата) до 10.2017 год. – 30 EUR за самостоен автор и прво регистрираниот коавтор и по 20 EUR за секој нареден коавтор во денарска противвредност
  3. Регистрација за поединечно учество- – (за учесници кои ќе присуствуваат на конференцијата без да пријават сопствен труд) до 10.2017 год. – 12 EUR во денарска противвредност за секој поединечен учесник
  4. Регистрација за групно учество- – (за поединец пријавен во група од најмалку 5 наставници или воспитувачи од една институција, без да пријави сопствен труд) до10.2017 год. – 10 EUR за секој поединец пријавен во групата
  5. Котизација за студенти од прв циклус со сопствен труд- (за учесници студенти на прв циклус студии кои ќе присуствуваат на конференцијата со сопствен труд) до 10.2017 год. – 15 EUR за самостоен автор и прво регистрираниот коавтор и по 10 EUR за секој нареден коавтор во денарска противвредност)
  6. Котизација за студенти од прв циклус без сопствен труд- (за учесници студенти на прв циклус студии  кои ќе присуствуваат на конференцијата без да пријават сопствен труд) до 10.2017 год. – 10 EUR во денарска противвредност за секој поединечен учесник)

Трудовите ќе бидат рецензирани и објавени во Зборник на трудови од конференцијата, во печатена и електронска форма.

Селектирани трудови ќе бидат објавени во научното списание Прилози (Contributions)

Karmen
To Top