Новости

Битола инфо

Општина Битола и МЕР ги координираат активностите за гасификација

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска денеска се сретна со Благојче Котески, директор на Македонски енергетски ресурси – МЕР со цел да ги координираат активностите кои се однесуваат на гасификацијата.

-Општина Битола со овој буџет предвиде средства со кои се дефинирани активности, а се однесуваат на подготовки за воспоставување на мрежата на Општина Битола за гасификација. Паралелно со ова знаеме дека се одвива процесот за поставување на примарната мрежа, кое согласно како што е проектирано временски, треба да биде за дваесетина месеци. Бидејќи се одвиваат паралелно овие активности, ваква средба е значајна за да бидеме синхронизирани во нашите активности. Задоволство ми е што Општина Битола предничи меѓу општините во нашата држава и верувам тоа ќе го покажеме со финален производ, истакна Петровска.

-Јас како директор на МЕР, комапнија која што е задолжена за градење на националнаа гасоводна мрежа, имам преземено активности за запознавање на сите општини кои се зафатени од првата фаза на националната гасификација, вкупно 17 општини, а една од тие општини е и Општина Битола. Им се заблагодарувам на градоначалничката и Советот кои сериозно ги зафатија забелешките кои ги имавме пред почетокот на новата година, определија финансиски средства оваа година за првата фаза на проектот за гасификација на Општина Битола. Националната мрежа е планирана до јануари 2020 година, потпишани се договорите. Но едно е да се донесе националната мрежа, а друго е да биде функционална. Ова треба да биде синхронизиран процес кој ќе покаже дека институциите во Република Македонија можат и функционираат координирано во изработка на проект од национален карактер, истакна Котески.

-До 2020 година, гасот  треба да стигне до општина Битола, а ние ќе се подготвуваме тој да се користи во градското подрачје. Знаеме кои стопански субјекти ќе може да ја користат мрежата, а во зависност од интересот на граѓаните, мрежата ќе биде проширена до максимално разгранување, потенцираше градоначалничката Петровска.

Гасификацијата ќе донесе финансиски бенефит за општината, но пред се ќе претставува бенефит за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општината, рече директорот Котески, притоа потсетувајќи дека неговите и заложбите на градоначалникот, неодамна уште како советници во Советот на Општина Битола, беа насочени кон алармирање за решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, а во таа насока денес, проектот за гасификација претставува и конкретно делување.

„Ние сериозно си дадовме збор, уште пред 4 години, кога ги видовме бројките до кои што дојдовме како советници, дека ќе направиме се, за да направиме од Битола, една поубава средина, Битола ќе биде град кој што ќе биде пристојно место за живеење и во кој луѓето ќе сакаат да живеат и заболувањата кои ги имаат граѓаните во Општина Битола и кој се последица од атмосферското загадување да бидат минато. Не е само бенефитот на финансискиот дел кој што ќе го имаат граѓаните. Бенефитот е и врз здравјето на граѓаните на општината. Гасот, како енергенс ќе допринесе и Општина Битола да стане поатрактивна за инвестирање, а со тоа отворање на нови работни места, а со тоа и зголемување на стандардот на живот во Општина Битола“, додаде директорот Котески.

 

GOLD
To Top