Отстранета е проблемот за застојот во работата на Блок2 на РЕК Битола - Шеталиште

Новости

Битола инфо

Отстранета е проблемот за застојот во работата на Блок2 на РЕК Битола

Прекин во помошното напојување, е причина за застојот во работата на  Блок 2 во РЕК Битола. Од ЕЛЕМ соопштија дека по 15 часа се нормализирала состојбата и Блокот 2 се враќа во мрежа.

„Застојот настана вчера  во 19.57 часот  и по извршената инспекција утврдено е дека до него дошло поради прекин во помошното напојување и дека не постои поголем технички дефект. По извршениот протокол за утврдување на причината, нејзино отстранување и проверка на сите параметри, во моментов тече рестартирањето на блокот и најдоцна до 13 часот. Блок 2 ќе биде приклучен на мрежата на електро-енергетскиот систем“, соопшти ЕЛЕМ.

 

 

 

 

 

Извор: +инфо

To Top