Новости

Битола инфо

Пелагонискиот регион на прво место по заболени од рак минатата година

Малигните неоплазми се втора причина за смрт кај населението во Република Македонија со застапеност 19.0% во структурата на вкупно починати лица, веднаш после болестите на циркулаторниот систем со 53,5% застапеност во 2016 година. Во Република Македонија просечно годишно умираат 3882 лица од малигни неоплазми како основна причина за смрт.

„Многу е важно да се истакне дека сѐ почесто има случаи на заболени од 25 до 34 години, а зголемен е бројот и на заболени од 15 до 24 години. На прво место е Пелагонискиот регион, а со пониска стапка е Полошкиот регион. На ова влијаат неколку фактори- старост на населението, аерозагадувањето, животниот стил итн, вели д-р Војса Речица од Центар за статистичка обработка на здравствени податоци при Институтот за јавно здравје.

Просечно годишно учество на малигните неоплазми во вкупно умрени лица во анализираниот период изнесува 19,0%.

Во 2016 година во Република Македонија од малигни неоплазми умреле 3882 лица со стапка на морталитет 187.3 на 100 000 жители. Бројот е зголемен за 13.5% во однос на 2006 година кога се регистрирани 3419 умрени лица со стапка од 167,6 на 100.000 жители. Во анализираниот период 2006-2016 година морталитетот покажува тренд на пораст.

Според пол, во 2010 година бројот на умрени мажи од малигни неоплазми е 2218 со стапка од 215,4 на 100000 мажи, а бројот на умрени жени 1487 со стапка од 145,1 на 100000 жени. Овој број во 2016 година кај машката популација е 2292 со стапка од 220,8 %ооо, а кај женската популација овој број изнесува 1590 со стапка од 153,7%ооо.

Кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2016 година е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 66,9 во 2014 година и 67,7 на 100000 мажи во 2016 година.

Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2016 година е малигната неоплазм на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година до 32,7 во 2016 година на 100000 жени.

Препораките според д-р Речица за превентива од рак се:

  • Скрининзи, рана детекција,
  • Промена на лошите навики кај возрасното население, кои се поврзани со ризикот од овие заболувања (неправилна исхрана, пушење, физичка неактивност, незаштитен сексуален контакт),
  • Намалување на другите фактори на ризик,
  • Подобрување на евиденција,
  • Интегриран здравствем систем на евидентирање,
  • Спроведување на промотивни активности итн.
  • Поддршка од меѓународните организации за научни истражувања од оваа област и спроведување на превентивните програми
Студирајте на БАС
To Top