Новости

Битола инфо

Повеќе од 600 деца чекаат да бидат згрижени во битолските градинки

За згрижување деца во битолските градинки има огромна листа на чекање. Над 600 деца се на листата, од кои над 400 се на листата да бидат згрижени во ЈУДГ „Естреја Овадија Мара“, додека над 200 чекаат во ЈУДГ „Мајски цвет“. Од градинките посочуваат дека е потребно проширување на просторните капацитети и ангажирање воспитувачи и помошен персонал.

„Решение ни е отворање надоградби на постојните градинки и изградба на нови градинки. Се надевам дека Општина Битола, Владата на Република Македонија ќе ни излезе во пресрет и ќе можеме успешно да го реализираме нашето ветување, вели Лидија Твирст Митревска, директор на градинката Естреа Овадија Мара која потенцираше дека имаат огромна листа на чекање за згрижување деца во градинките.

Од Општина Битола велат дека се работи на решавање на проблемот, во напредна фаза е обезбедувањето средства и друга поддршка за проширувањето на капацитетот на градинките кога се работи за просторот. Градоначалничката потенцираше дека веќе се обезбедени средства за оплеменување на просторот на градинката во Кравари

„Во напредна фаза сме и со други три апликации за кои се надевам дека ќе имаме дослух од Министерството за труд и социјална политика. Градинките имаат добиено согласност за обезбедување на негователки. Тоа не ги задоволува потребите кои се воочени. Но, во соработка и дослух со Министерството за труд и социјална политика се најавува повторно зголемување на бројот на негователки што е неопходно за згрижување на дечињата, вели Наташа Петровска, градоначалничка на Битола.

Веќе подолг период наназад се бара проширување на просторните капацитети на градинките токму заради големиот број деца кои се наоѓаат на листите на чекање.

GOLD
SN Finansii
To Top