Новости

Битола инфо

Пожар во близина на стадиниот во с.Могила

На 03.01.2018 година околу 21,45 часот во с.Могила-Битола, на местото викано „Пречистителна станица“ во близина на стадионот „Димче Могилче“, од засега непознати причини настанал пожар во кој биле изгорени 800 бали слама, сопственост на општина Могила.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијална против пожарна единица. Од пожарот е причинета е материјална штета од околу 61.000 денари.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Битола.

СН Финансии
To Top