Новости

Битола инфо

Пожар кај клучката кај Ротино

Вечерва кај клучката кај Ротино избувнал пожар во кој горела сува трева помеѓу стариот и новиот пат. Во битолската пожарна било пријавено во 21:25 часот, а оттаму велат дека не се работи за голем пожар, но поради ветерот голем чад се ширел во реонот, објави ТВ Тера.

Според информациите од терен полицијата го пренасочува сообраќајот по стариот пат, најверојано заради чадот кој правел проблеми во нормалното одбивање на сообраќајот.

Инаку видео од пожарот на Ротино беше објавено и во групата Битола сака чист воздух.

 

Karmen
To Top