Новости

Битола инфо

Прва самостојна изложба на фотографот Коста Дупчинов

Вечерва со почеток од 20 часот во Магазата ќе биде отворената првата самостојна изложба на фотографот Коста Дупчинов која е насловена „Носталгија“

Фотографиите ќе бидат изложени до 16 декември.

Неговата љубов кон фотографијата датира уште од неговото најрано детство, кога поголемиот дел од денот го поминувал “играјќи” си со својот прв фотоапарат покрај својот дедо, кој исто така бил успешен фотограф. Професионално со фотографија почнува да се занимава од 2004 година. Денес фотографијата е негова страст и професија и зад неговото име стојат многубројни учества на изложби и натпревари како во Македонија така и надвор од неа. Добитник е на неколку награди и признанија во областа на фотографијата. Коста Дупчинов е и претседател на фото-кино клубот Битола.

СН Финансии
To Top