Новости

Битола инфо

Пуштен сообраќајот на Ѓавато, забраната за товарни возила сé уште трае

Попладнево во 17:30 часот е пуштен сообраќајот на планинскиот превој Ѓавато, кој беше во прекин од 16:10 часот заради сообраќајната незгода која се случи на Ѓавато.

Забраната на сообраќајот беше првично заради обилните врнежи на превојот, а потоа сообраќајот на магистралниот пат Битола-Ресен преку превојот Ѓавато беше блокиран скоро час и половина заради сообраќајката.

Сообраќајот е пуштен само за патнички возила, додека забраната за товарни возила сé уште трае.

 

 

 

GOLD
GoldSlot
To Top