Новости

Битола инфо

Работна средба на градоначалничката Петровска со министерот Шапуриќ

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за регулативата за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, вчера попладне ја посети oпштина Битола, каде оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.

На средбата, Петровска детално го запозна министерот со финансиската состојба во која се наоѓа општината, а се разговараше и за насоките во кои е предвидено понатамошно делување со цел создавање на поволна бизнис клима за понатамошен развој и напредок на домашните претпријатија, како и за мерките кои се предвидуваат со цел подобрување на инвестициската клима за отворање на нови домашни претпријатија.

Студирајте на БАС
To Top