Новости

Битола инфо

Разбојник нападнал и ограбил аптекарки во Битола

На 09.02.2018 година во 20.45 часот во аптека на ул. „Влатко Миленкоски“ во Битола непознат сторител извршил разбојништво.

Сторителот со закана со пиштол од вработените ги одзел парите од дневниот промет во вкупен износ од 38.500 денари и два мобилни телефони, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top