Новости

Битола инфо

Словенечка помош за изградба на пречистителната станица на Пелистер

Словенечка фирма ќе помогне во изградбата на пречистителната станица на Пелистер. Ова денеска беше денеска кажано на средбата помеѓу словенечкиот амбасадор Милан Јазбец и градоначалничката Наташа Петровска. Тоа ќе биде дел од соработката која планираат да се интензивира наредниот период, а токму за пречистителната станица ќе имаат средба на крајот на април. Тие разговараа денеска за тоа како да се  учи од словенечките искуства за аплицирањ за средства од европските фондови.

-Значајна тема беше искористувањето на европските фондови. знаеме дека Словенија како членка на ЕУ го поминала тој пат. Кои се нашите пропусти во минатото, кои се сугестиите кои можат да ни ги дадат, техничката поддршка. Детектиравме кои се можностите во делот на екологијата кои можат да бидат детектирани и направени. Но и развојот на туризмот, како подрачје кое има потенцијал. Ако има фрекфенција на луѓе кои ќе го посетат градот, ако имате добра инфраструктира, добри околности за бизнис заедницата тогаш се отвора перспективата. Максимално е потребна соработката, но ова треба да биде во дослух со централната власт затоа што не смееме преку ваквите активности да заглавиме во бирократски процедури, тоа да биде со задоволителна динамика. Остварена е средба и со Рашковски, тоа ќе биде и диригирано и од централната власт, изјави градоначалничката Петровска.

Амбасадорот најпотенцираше дека токму екологијата и туризмот се областите каде што може да се помогне.

-Тука се шири потенцијалот преку словенечките фирми кои работат во Македонија. Исто така и во делот на туризмот. Тоа е еден вид соработка. Другото е што во ЕУ постојат голем број средства кои можат да се употребат на принципот на делење, пола-пола. Ние ќе формираме екипа од експерти од Словенија кои работеа во нашата земја во првите години од нашето членство, конкретно на тие проекти, како се црпат средствата од европските фондови, како се употребуваат. Најбитен вид на соработка која е потребна на локално ниво за луѓето веднаш да почуствуваат благодетите. Се договоривме со секретарот на Владата да се поедностават процедурите. Битола е многу позната во словенечките кругови, по историјата, природните знаменитости, тоа се едни од можностите каде што може да направиме нешто, изјви словенечкиот амбасадор Милан Јазбец.

Врските меѓу Словенија и Македонија се толку природни што двете држави се пример, не само да се работи туку и да се учи еден од друг, потенцираше амбасадорот Јазбец.

 

Evrotip
Евротип
To Top