Новости

Битола инфо

МВР за сообраќајката кај Тополчани

На 12.03.2018 година во 12,30 часот на патниот правец Битола – Прилеп, пред село Тополчани, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило “Мерцедес” со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.В.(62) од Ресен, и товарно моторно возило “МАН” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.М.(46) од Берово, соопшти МВР.  Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило С.В., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола, додека на возачот од товарното возило констатирани му се телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Evrotip
Евротип
To Top