Новости

Битола инфо

Судењето против Владимир Талески одложено за 21 февруари

Судењето против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, денеска беше одложено за 21 февруари. Причината за одложувањето е тоа што Апелациониот суд сè уште не одговорил на поднесена жалба во овој предмет.

Талески заедно со уште 20-тина лица во предметот на СЈО „Транспортер“ се обвинети за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

makfax.com.mk

GOLD
To Top