Новости

Битола инфо

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Битола

На 03.02.2018 година околу 19,00 часот во Битола на крстосницата од ул.„Филип II Македонски“, ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Цане Василев“, патничко моторно возило „Рено Лагуна“ со битолски регистерски таблици управувано од А.Ј. (26) од с.Карамани-битолско, удрило во пешакот С.С.(70) од Битола, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

GOLD
SN Finansii
To Top