Новости

Битола инфо

ФОТО: Гореше ридот кај „тепсијата“ на Баир

Попладнево ридот во близина на местото викано „Тепсија“ во населбата Баир избувна пожар кој почна набрзо да се шири. Беше зафатена сува трева, а гореше од патот па се до резервоарот и антените кои се наоѓаат на ридот.

Екипа на противпожарната единица беше на местото на настанот и интервенираше за гаснење на пожарот. Пожарот е ставен под контрола и локализиран.

Инаку од битолската пожарна неколку пати имаат напоменато дека заради зголемувањето на надворешните температури и сушниот период се зголемува и опасноста од настанување на шумски пожари и други пожари на отворен простор, а ваквата состојба наложува поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од ваков вид пожари. Препораките се да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, меѓи, пасишта и други површини, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење на отпад и друг материјал што гори, да не се фрлаат отпушоци, да не се напушта огништето додека не се уверите дека огнот е потполно изгаснат.

 

 

To Top