Новости

Битола инфо

(ФОТО) Организацијата на жени од Битола избра најкул битолчанки

Вчера во битолската библиотека беа доделени дваесетина признанија за COOL битолчанки. На овој начин Организацијата на жени од Битола заедно со НУУБ „Свети Климент Охридски“ го одбележаа 8-ми март.

Чевствувањето на празникот е под мотото „Малку поинаков женски активизам“, и токму затоа на повеќе битолчанки им се доделија овие признанија, заради добрите дела кои ги прават, но и заради посветеноста на професијата.

Настанот беше замислен како спој помеѓу поранешните  и сегашните наставници, учители, професори преку нивните искуства  во својата работа со учениците, а присуствуваа и градоначалничките на Битола, Наташа Петровска и на Могила, Јасмина Гулевска. Директорката на библиотеката потенцираше дека „учителот е едно од најблагородните занимања. Како педагог и самата бев дел од таа не секогаш доволно ценета професија. Учителите се први кои не пречекуваат од рацете на нашите мајки во пресрет на големото чудо на освојување на знаења“.

Потоа претседателката на Организацијата на жени, Светлана Петковска, додели дипломи за најкул жени.

Најкул мајка – Пандора Поповска, која го донираше бубрегот на својата ќерка

Најкул лекар – Ненси Лозанче

Најкул професорка – Лидија Анастасовска

Најкул новинарка – Жанета Здравковска

Најкул учителка – Весела Богдановиќ

Најкул учителка – Тања Грегова

Најкул готвачка – Весна Алачковска

Најкул медицинска сестра – Мимоза Секуловска

Најкул планинарка Илинка Ристевска

Најкул невладин активист – Даница Петличкова

Најкул политичарки – Наташа Петровска и Јасмина Гулевска

Посмртно признание и беше доделено од Организацијата на жени на ќерката на Билјана Опашинова, која беше борец и активист за женските права. Членките на Организацијата на жени и дделија и посебно ризнание на нивната претседателка, Светлана Петковска, како знак почит за се што таа работеше во Организацијата во изминатиот период.

GOLD
GoldSlot
To Top