Новости

Битола инфо

Христовска: Скандалите во РЕК Битола не прекинуваат

Скандалите во РЕК Битола не прекинуваат, рече денеска на прес-конференција, Викторија Христовска од ВМРО ДПМНЕ Битола. После склучувањето скапи јавни набавки во четири очи, промените на решенијата и деградирањето на над 300 вработени, стопирањето на еден од најзначајните проекти за Битола и битолчани – проектот за Топлификација на Битола, сега вработените во РЕК Битола се жртви на политички притисоци со цел нивно приклучување кон новоформираниот синдикат под контрола на власта, рече таа.
„Новото раководство на АД ЕЛЕМ кое го постави СДСМ најпрво направи се за да ги спречи редовните синдикални избори на Самостојниот Синдикат од Енергетика, Рударство и Индустрија на Р. Македонија. Покрај тоа раководството на СДСМ ги блокираше сите средства на оваа синдикалната организација по основ на членарина и задршки од вработените за роба како и другите приходи кон синдикатот.
За да биде скандалот поголем, одземени се и работните простории на овој репрезентативен синдикат на АД ЕЛЕМ. Сето ова се прави со цел работниците да се приклучат кон новата синдикална организација која треба да биде марионета на СДСМ.
Но, бидејќи новоформираниот синдикат се уште нема членство, од страна на претпоставените на компанијата се делат пристапници на вработените со закани дека ако истите не бидат потпишани ќе сносат последици.
И додека се врши притисок врз вработените, претпријатието стагнира. Според информации кои ги добивме од терен, сите големи проекти стагнираат или се запрени од страна на новото раководство. Количеството на јаглен на депонијата е минимално, односно 30 .000 тони, што доколку работат трите блока истовремено не е доволно ниту за три дена. Ова се прави во време на власта која додека беше во опозиција ветуваше слобода и живот. Наместо тоа сведоци сме на притисоци, закани и заплашувања. Очигледно фразата “живот за сите”, билa само за предизборна употреба,“ изјави Христовска.
GOLD
To Top