Новости

Битола инфо

Црвен крст Битола одржа обука за млади за Промоција на хумани вредности

На 31.01.2018 година, во просториите на Црвен Крст на Република Македонија – Општинска Организација Битола се одржа првата работилница од програмата ЦРВЕН КРСТ ВО АКЦИЈА – ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ.

Програмата ЦКА- ПХВ е национална програма која обучува млади луѓе на возраст од 14-18 години, да изготвуваат проекти со кои помагаат на целни групи на кои им е потребна помош. Младите се дружат меѓу себе, подобро се запознаваат, ги откриваат и зајакнуваат своите способности, таленти и квалитети. Меѓусебно се поттикнуваат и поддржуваат. Се јакне нивната самодоверба, стануваат потолерантни кон останатите, ги јакнат комуникациските вештини и работат тимски. Младите ја изразуваат својата креативност и ја користат во организирањето на активности преку кои обезбедуваат средства за остварување на нивната цел.

Кратка историја: ПХВ неделата со одлука на ИО на ЦКРМ се одбележува од 2012 година е и дел од традиционалниот календар на Црвен крст на РМ. Покрај главната цел постојат и потцели околу одбележување на неделата и тоа: активирање на младите во летниот период, локална промоција на клубовите на млади во секој град, промоција на Национално ниво и промена на дневна рутина на младите.

Низ годините одбележувањето изгледаше вака:

Во текот на секоја година идејата е истата група млади, кои ги изработувале малите проекти повторно да се анимираат, на интересен начин да се вклучат и да се поттикне да бидат креативни и на креативен начин да ја презентираат организацијата, но и самата недела.

Некаде околу 900 младинци секоја година се анимираат, а некаде околу 6.000 луѓе ги проследуваат настаните на национално ниво.

Следната работилница од ЦКА -ПХВ програмата ќе се одржи на 12.02.2018 година во 10 часот во просториите на ЦКРМ – ОО Битола. Од Црвен крст Битола ги покануваат сите заинтересирани млади на возраст од 14-18 години да се пријават за учество на работилницата.

GOLD
To Top