Новости

Битола инфо

Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности

Започна новиот проектен циклус на програмата Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ). Нови 1000 младинци на возраст од 13-18 години на територија на Македонија до 20.02.2018 ќе се обучат како да изработат мали проекти за добробит на заедницата. Во Битола, втората обука се случи на 12.02 во просториите на Црвен крст Битола. Многу мотивирани млади и многу позитивна енергија не едно место!

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ)   претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата постои веќе 20 години, се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1000 младинци,  потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.

Младите добиваат 3 обуки за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Младите добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно додека пак за некои помошта е долгорочна.

Како и изминатите години и оваа ќе бидат изработени проекти каде ќе можите да се вклучите како граѓани и да помогнеме заедно за нечие подобро утре.

To Top