Новости

Битола инфо

Шчербак: Ќе направиме сé за унапредување на односите меѓу Русија и Македонија

„Русија традиционално спроведува независна и суверена надворешна политика, цврсто ги брани своите интереси, се залага против монополот и диктатот од секоја страна, за заштита на принципите на правдата, рамноправноста и взаемното почитување, против двојните стандарди во сите нивни форми и пројави, меѓудругото и во меѓународното олимписко движење. Активна и позитивна надворешна политика на Русија, доследност во промовирање на традиционалните вредности ја одржуваат важната улога на нашата земја во својство на еден од водечките воено-политички и морални центри во современиот свет, гарант на безбедноста и стабилноста. Без учество на Русија не може успешно да се реши ниту еден актуелен меѓународен или регионалем проблем. Со задоволство истакнувам дека дијалогот меѓу Руската Федерација и Република Македонија го карактеризираат одржливо партнерство и повеќевековно пријателство меѓу нашите два народа. Целиме и натаму сеопфатно да ја унапредуваме нашата сестрана и заемно корисна соработка со нашите македонски пријатели и подготвени сме да одиме по тој пат толку далеку колку за тоа е подготвена самата Македонија“, кажа во обраќањето пред присутните денеска рускиот амбасадор Шчербак на одбележувањет на Денот на Руската дипломатија.

Студирајте на БАС
To Top