Битола најстуден град утрово, измерени -22 степени - Шеталиште

Новости

Шеталиште

Битола инфо

Битола најстуден град утрово, измерени -22 степени

Утрово најниската температура е измерена во Битола. Според информациите на УХМР во 8 часот изутрина во Битола биле измерени -22 степени.

Во Тетово и Маврово се измерени -20, -19 во Лазарополе, -18 во Скопје (мерна станица Петровец), -17 во Пожаране и Прилеп, -16 во Берово и Ѓуриште, -15 во Дебар, Скопје (мерна станица Зајчев Рид) и во Крушево, -14 во Штип, Крива Паланка, Тополчани и Куманово, -13 во  Виница, -12 во Демир Капија, Струмица и Претор, -11 во Охрид и -7 степени во Дојран и Гевгелија.

Највисока снежна покрива утрово имало во Маврово (68  сантиметри), 44 во Лазарополе, 43 во Пожаране, 35 во Тополчани, 30 во Берово, 28 во Тетово, 26 во Ѓуриште,  24 во Крушево, 18 во Крива Паланка, 17 во Струмица, 16 во Битола, 14 сантиметри во Демир Капија и  Штип, 12 во Виница, 11 во Охрид, 10 во Претор и Скопје (Петровец), 9 во Прилеп, 8 во Скопје (Зајчев Рид) и 2 сантиметра во Гевгелија,

Во јужните делови денеска времето ќе биде претежно облачно со локален слаб снег. Во северните делови ќе има намалена облачност и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -9 до -3 степени.

Karmen
Горе
Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu