Новости

Битола инфо

(Фото) Битола во поларно руво

Снежните врнежи во Битола кои започнаа рано изутрина прикинаа некаде околу 13 часот.

Според податоците на УХМР, снежната покривка измерена изутрина во Битола беше 16 см снег, а утрово токму Битола беше најстуден град во државата со измерени -22 степени.

Во четврток утринските температури ќе бидат под минус 15 степени, а дневните ќе бележат тенденција на благ пораст.

Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Karmen
To Top