Новости

ЕВРОТИП Банер
Битола инфо

(Фото) Пченица, пченка и сено за животните во Националниот парк Пелистер

Како и секоја зима, така и оваа зима, тимови од Националниот парк „Пелистер“ вршат прихранување на животните кои живеат во подрачјето на националниот парк.

Прихрана се остава на местата каде што се смета дека се посетени од животните и таму се остава извесна количина храна или минерали и сол. Тоа им помага на животните полесно да ја преживеат зимата, велат од НП Пелистер. Прихраната се остава на четири места, во атарот на Нижо Поле, под Пелистер, Вртешка и Брајчино, а се распределени околу 90 килограми крупна сол, повеќе пакети со минерали, околу 80 килограми пченица, 50 килограми пченка и околу 15 бали со сено. Пченицата служи за да преживеат птиците, копитарите го користат сеното, минералите и солта, а за прихрана на дивите свињи се користи пченката.

Во зависност од зимата, доколку биде остра и сурова, ќе се изврши и дополнителна прихрана.

Сликите се преземени од фејсбук страната на НП Пелистер.

 

 

Karmen
To Top