Новости

Битола инфо

115 години од убиството на Ростковски во Битола

Голем број делегации денеска се собраа пред Рускиот Крст во Битола за да му оддадат почит на рускиот дипломат Ростковски, кој беше убиен пред 115 години во Битола.

На споменикот кој се наоѓа во близина на местото каде што бил убиен допломатот Ростковски во 1903-тата година, своја почит кон оваа личност, но и кон одбележувањето на денот на руската дипломатија оддадoa Амбасадата на Русија во Македонија, Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола, претставници на дипломатскиот кор во земјава, Советот на Општина Битола, почесните конзули и граѓани почитувачи на делото на овој голем руски дипломат.

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак истакна дека токму трагичната смрт на Александар Ростковски, неговата борба за спасување на Македонците кои во 1903 година востанаа против османлиското ропство, не потсетува дека дипломатијата е сериозна и одговорна професија која бара да се има не само длабоки познавања и култура на комуникација, туку и висок морал, а понекогаш и храброст.

To Top