Новости

Битола инфо

60 прегледи и една сообраќајка во Ургентното одделение во Битола на новогодишната ноќ

Портпаролот на Клиничката болница во Битола, Сузана Коневска денеска информираше дека ургентното одделение во битолската болница имаше полни раце работа за новогодишната ноќ.

-Одделението од Ургентна медицина имаше многу работа во новогодишната ноќ, има околу 60 прегледи од кои 10 пијанства, меѓу нив и малолетни деца, имаа напорна ноќ. Имаше и една сообраќајка, помина со лесни телесни повреди, пациентката не е хоспитализирана. Другите интервенции се претежно со висок крвен притисок, хронични васкуларни заболувања, изјави Коневска.

Студирајте на БАС
To Top