Новости

Економија

Австралија ќе биде најголем извозник на марихуана

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Австралиската влада донесе одлука со која од почетокот на февруари ќе се дозволи домашните одгледувачи на медицинска марихуана да можат да ја продаваат во странство. Со тоа Австралија планира да прерасне во најголемиот извозник на марихуана за медицински потреби во светот.

„Ова е многу значаат чекор за нашите домашни пациенти и нашата домашна набавка. Знаејќи дека тие имаат пазар во Австралија и интернационален пазар може да го зголемат производството и пласманот, а со тоа и инвестициите“ посочи Грег Хант министерот за здравство на Австралија.

За таа цел австралиската влада побара од одгледувачите максимално да ги зголемат своите производствени капацитети за што вети државна финансиска помош на сите „земјоделци“.

Исто така не смее да се намали нивото на квалитет, ниту за домашните пациенти во Австралија, ниту за извозот. Се очекува Австралија од оваа нова бранша да заработи стотина милиони долари годишно.

Извор: faktor.mk

СН Финансии
To Top