Новости

Економија

Владата ќе ги мотивира иселениците да инвестираат во Македонија

Младите и натаму заминуваат од земјата. Европската, австралиската или американската плата се предизвик. Преку Фондот за иновации и со поддршка од околку 600 илјади за отворање компании, се прави обид за запирање на емиграцијата…

Спонзорирано од СН ФИНАСНИИ

Ќе се проширува обемот на финансиска поддршка на малите и средни претпријатија. Се предлага младите кои живеат привремено во странство да можат да аплицираат за средства покрај оние предвидени со Предлог- законот за финансиска поддршка на инвестициите, како дополнителна мерка.

Стопанствениците сметаат дека ваквата поддршка е клучна за развојот на економијата. Според нив, ваквите закони треба да бидат флексибилни и рамномерни, насочени кон сите региони, особено оние во кои има најголема невработеност .

Од Министерството за економија велат дека во буџетот се веќе алоцирани околу 36 милиони денари, остаток на средства предвидени со мерките на Фондот за Иновации.

Министерот Бектеши апелира Собранието што поскоро да го донесе Законот за поддршка на инвестициите, откако во вторник ќе ја мине владината процедура.

Извор: mrt.com.mk

Evrotip
Евротип
To Top