Новости

Економија

Германија го испитува рекламниот пазар поради „Google“ и „Facebook“

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Антимонополскиот регулатор во Германија почна да го испитува пазарот за онлајн рекламирање поради „значајната“ позиција на „Google“ и „Facebook“ во него, објави Ројтерс.

Федералната служба за картелите отвора втор фронт против мрежата на Марк Зукерберг, откако во декември објави дека таа ја злоупотебила доминантната позиција, за да собира лични податоци на корисници.

„Некои учесници во пазарот ги гледаат „Google“ и „Facebook“ како установени блиски системи (познати уште по терминот „затворени градини“). Ова покренува прашања за пристапот и употребата на податоците на корисниците“, изјави директорот на службата Андреас Мунд. Според нивните пресметки, германскиот пазар за рекламирање минатата година се движел меѓу 5 и 9 милијарди евра.

„Google“ и „Facebook“ добиваат околу половина од приходите од реклами на глобално ниво и над 60% во САД, според податоците на „eMarketer“. Властите велат дека го испитуваат секторот, а не индивидуалните компании.

Извор: standard.mk

Студирајте на БАС
To Top