Новости

Економија

Германија за време на Божик им плаќала на граѓаните да трошат струја

Германија во текот на божикните празници на своите граѓани им плаќала да трошат струја. Со други зборови, струјата не била евтина, ниту била бесплатна, туку нејзината цена била негативна, луѓето заработувале ако ја трошеле.

Работата е во тоа што времето на божикните празници во Германија било невообичаено топло, потрошувачката на енергија била мала, а многу Германци, празниците ги поминувале на отворено, надвор од своите куќи, неретко на скии или плажи во странство, додека повеќе фабрики не работеле. Така побарувачката паднала, производството истовремено било големо, а исклучување на системот на обновливи извори од мрежата е поскапо отколку минливото поевтинување на струјата.

Ова не е невообичаено за држави кои забрзано ги развиваат обновлилвите извори на енергија, а Германија во изминатите неколку децении вложила околу 200 милијарди евра, најмногу во енергија на ветер и сонце.

Проблемот е во тоа што технологијата на експлоатација на обновливи избори се равива многу побрзо од технологијата на нивно складирање која претставува слаба карика.

Бројни експерти предупредуваат дека проблемот со складирање енергија нема лесно да се реши во неколку наредни децении.

СН Финансии
To Top