Новости

Економија

Градовите со најмногу хотели со пет ѕвездички во светот

Лондон и Дубаи се топ дестинациите кои располагаат со најмногу хотели со пет ѕвезди, станува јасно од сајтот за резервации „Five Star Alliance“.

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Вкупниот број на најлуксузните хотели во двата града е соодветно 75 и 61, покажува извештајот на „Knight Frank“.

Зад нив се Њујорк со 59, Париз и Мајами со 56 и 46.

Туристите во Дубаи, кои престојуваат во топ хотелите, потрошија неверојатни 28.5 милијарди долари при посетата на градот, со што ја зазема и првата позиција во ова рангирање, покажуваат податоците на „Mastercard“.

На второто место е Њујорк со 17 милијарди долари.

Ако сепак ги разгледаме трошоците на турист, тогаш на челото се Мелбурн и Дубаи со 1.925 и 1.917 долари, надминувајќи ги Сиднеј, Тел Авив и Мадрид.

Во топ 10 се наоѓаат уште Хјустон, Сан Франциско, Мајами, Тајпеј и Лос Анџелес.

 

 

 

Извор: denar.mk

GOLD
To Top