Новости

Економија

Изборот за „Светски автомобил на годината“ во знакот на SUV доминацијата

Во најтесниот избор на кандидати за престижната титула „најдобар автомобили во светот за 2018-та“ се најдоа дури три „SUV“ модели.

За титулата „Светски автомобил на годината“ (World Car of the Year) ќе се натпреваруваат:

Mazda CX-5,

Range Rover Velar,

Volvo XC60.

Имињата на финалистите беа соопштени на актуелниот саем за автомобили во Женева, а победникот ќе биде познат на 28-ми март на саемот во Њујорк.

Потсетуваме, на почетокот на оваа недела, прет отворањето на женевскиот авто-саем, беше прогласен „Европскиот автомобил за годината“. Титулата му припадна исто така на едно „SUV“ возило – победник беше „Volvo XC40“.

Инаку, во Њујорк ќе биде ќе бидат прогласени победници и во уште неколку категории.

За „најлуксузен автомобил“ за годината во светот конкурираат: „Audi A8“, „Porsche Cayenne“ и „Porsche Panamera“.

Во потесниот круг за „најдобриот спортски автомобил“ за титулата ќе се „борат“: „BMW M5“, „Honda Civic Type R“ и „Lexus LC 500“.

Во категоријата „најдобар градски автомобил“ во оваа година финалисти се: „Ford Fiesta“, „Suzuki Swift“ и „Volkswagen Polo“.

За титулата „најзелен“ автомобил во светот ќе се натпреваруваат: „plug-in hibrid BMW 530e iPerformance“, „Chrysler Pacifica Hybrid“ и електричниот „Nissan Leaf“.

Во последната категорија, во која се доделува титулата за „најдобро дизајниран автомобил“ во 2018-та, финалисти се: „Lexus LC 500“, „Range Rover Velar“ и „Volvo XC60“.

За победниците ќе одлучува стручно жири од 82 членови, а имињата на наградените ќе бидат познати на 28-ми март.

Најдобриот автомобил во светот за 2017-та исто така беше еден „SUV“ – „Jaguar F-Pace“.

 

Извор: denar.mk

GOLD
GoldSlot
To Top