Новости

Економија

Извозниците на нафта изгубиле 1 трилион долари поради ниските цени

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Организација на земјите извознички на нафта (ОПЕК) изгуби повеќе од 1 трилион долари, по падот на цените на нафтата од средината на 2014 година.

„Во изминатите 2 години видовме не само пад на инвестициите во секторот, но и намалување на приходите од нафтата. Вкупно, земјите од ОПЕК изгубија повеќе од 1 трилион долари“, рече генералниот секретар на организацијата Мохамед Баркиндо, за време на форум во Кувајт.

Според него, побарувачката за нафта ќе расте со „здраво темпо“ во текот на следните 5 години, откако обновливите извори на енергија ќе растат со голема брзина.

ОПЕК предвидува дека побарувачката за нафта ќе се зголеми во просек до 1,2 милиони барели дневно до 2022.година и ќе забави до 300.000 барели дневно од 2035 до 2040 година.

До 2040 година, процентот на фосилни горива ќе падне до околу 75%, предвидува организацијата.

Во понеделникот цените на суровата нафта се зголемија поради веста за борбата во ирачкиот нафтен град Киркук, откако кризата помеѓу Багдад и курдската регионална влада се продлабочи.

„Ескалацијата во северен Ирак е главниот мотор. Набавката на нафта од овој регион е изложена на ризик“, изјави за Ројтерс аналитичарот на Комерцбанк, Карстен Фритш.

Киркук обезбедува 1/3 од околу 600.000 барели нафта произведена во курдскиот регион. Цената исто така беше зголемена поради вестите за обновените американски санкции против Иран.

Извор: standard.mk

Karmen
To Top