Новости

Економија

Имаат најниска невработеност за период од 37 години

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Невработеноста во Германија e најниска за период од 37 години. Во декември 2017-та година, скоро 44,6 милиони луѓе се вработени, според Сојузниот завод за статистика.

Ова е годишен пораст од 1,5%, или 647.000 луѓе.

За последен пат толку ниска невработеност имаше во октомври 1980-та година.

Зголемувањето во споредба со истиот период лани е забележано и кај бројот на невработени, што за претходниот месец изнесуваше 1,5 милиони – пораст од 25.000 лица.

Во споредба со претходниот месец во декември, има пад на вработеноста од околу 0,3% или 129,000. Заводот за статистика наведува дека ова е чест сезонски феномен, иако падот во ноември 2017-та година е релативно помал од просекот во последните пет години (176.000 луѓе).

Во 2017-та година, во Германија работеле вкупно 44,3 милиони луѓе, што претставува годишен раст од 1,5%.

Невработеноста во еврозоната останува на најниско ниво за последните девет години, пренесува АФП повикувајќи се на податоци од Европската статистичка служба (Евростат).

Во декември 2017 година невработеноста во земјите од еврозоната изнесуваше 8,7 проценти, што е најниското од јануари 2009 година.

Евростат известува дека инфлацијата е сè уште ниска. Во јануари таа била 1,3 процент, што е далеку под целта на Европската централна банка за 2 процента инфлација.

Извор: faktor.mk

To Top