Новости

Економија

МБИ10 Индексот по недела на искачување достигна нов рекорд

МБИ10 Индексот на Македонска берза во кој се содржани хартиите од вредност на десетте најуспешни компании кои се котирани, по една недела на искачување го достигна врвот и постави нов рекорд со тоа што за прв пат вредноста се искачи над 2850 индексни поени.

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Со тоа МБИ10 Индексот го надмина ланскиот врв кој изнесуваше  нешто над 2700 индексни поени, како и годинешниот највисок стадиум од 2841 индексни поени поставени на почетокот на февруари откако исто така бележеше постојан раст во текот на јануари, но потоа следуваше подолг период на „црвено“ и пад на вредноста на повеќе акции.

Со 2852,64 индексни поени МБИ10 Индексот има среќна среда на Македонска берза и од петти март наваму постојано е над границата од 2800 индексни поени. Во текот на вчерашниот ден дури осум компании на Македонска берза имаа раст на вредноста на акциите, а беше остварен вкупен промет од 1,2 милијарди денари. Пазарот на акции постигна вредност од 140,9 милијарди денари.

Пазарната капитализација на компаниите од МБИ10 Индексот на Македонска берза сега е проценет на 87.1 милијарди денари, што е за речиси една милијарда денари повеќе во однос на февруари кога се бележеше падот на акциите.

 

 

Извор: faktor.mk

GOLD
SN Finansii
To Top