Новости

Економија

Македонците далеку од просекот на потрошувачка во ЕУ

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Од регионот, Бугарија е на последното, а Хрватска на претпоследното место меѓу земјите членки на ЕУ. Куповната моќ на граѓаните на Турција е во постојан пораст, па тие се пред четири членки на ЕУ и пред речиси сите земји од Југоисточна Европа.

Неколку години по ред куповната моќ на македонските граѓани е речиси 41 насто од европскиот просек. На таа листа зад нас е само Албанија со 37%, покажуваат последните податоци објавени од Евростат.

Од регионот, Бугарија е на последното, а Хрватска на претпоследното место меѓу земјите членки на ЕУ. Куповната моќ на граѓаните на Турција е во постојан пораст, па тие се пред четири членки на ЕУ и пред речиси сите земји од Југоисточна Европа.

Просечниот граѓанин на Турција, според Евростат, со 64 насто од просекот на Унијата има поголема потрошувачка од граѓаните на Унгарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Србија, Македонија, БиХ и Албанија.

Извор: www.mrt.com.mk

Студирајте на БАС
To Top