Новости

Економија

НАФТА – дилемата од двете страни на Атлантикот

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Без’рбетниoт политички Франкенштајн, Борис Џонсон изненадувачки реши да покаже волја и да го поттикне главниот преговарач од страна на ЕУ, Мишел Барние да ги забрза преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ, бидејќи петтиот круг од разговорите заврши без значителен напредок. Самиот Барние е непопустлив и смета дека разговорите не можат да преминат во следната фаза, бидејќи Велика Британија се тврдоглави по прашањето за плаќање на своите обврски кон ЕУ. Тоа ја принуди Тереза Меј да ги земе работите во свои раце и да се сретне лично како со Барние, така и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер пред следната рунда од преговорите. Британците изгледаат сé понестрпливи да ги скршат оковите на Европската унија (ЕУ), додека ветрот на промени веќе дува во друга насока – Владата на Тереза Меј размислува за присоединување кон северноамериканскиот економски договор (НАФТА).

Главен приоритет за Меј по референдумот за „Брегзит“ во јуни минатата година беше да обезбеди најдобри можни услови за развојот на земјата надвор од блокот. Таа беше решена да ги зајакне трговските и инвестициските односи на десеттата најразвиена економија со партнери од целиот свет, но да склучи договор кој ќе биде поволен како за Велика Британија, така и за Европа. „Но наша одговорност како влада е да се подготвиме за секаков развој на настаните, и токму тоа го правиме“, рече неодамна портпаролот на Британскиот одел за меѓународна трговија, цитиран од Курт Милс од „The National Interest“.

За некои, чекорите кон пристапување на Велика Британија кон северноамериканскиот трговски договор изгледаат ризични, иако евроскептиците одамна врескаат за тоа. Британскиот министер за меѓународна трговија, Лиам Фокс секогаш бил приврзаник на Атлантската идеја, далеку пред „Брегзит“. Интересно е тоа што Европската унија потпиша договори за слободна трговија со Мексико и Канада, кои ги намалуваат тарифите за повеќето производи, што значи дека европските компании може да имаат предност пред американските конкуренти на овие пазари. Прашањето сега е дали Велика Британија би можела да се договори со овие две земји за вакви услови, откако ќе излезе од ЕУ, како и какви би биле трговските нејзините односи со САД, кои сакаат да излезат од НАФТА, ако условите не се менуваат.

Во сите случаи, намерата на Велика Британија да ја „врати контролата“, откако ќе го замени членството во ЕУ со членство во американска трговска група, се гледа со доза иронија. Лондон изгледа демонстрира пред ЕУ дека има алтернатива, која ќе помогне во економскиот развој. Во исто време американскиот претседател Доналд Трамп го оцени договорот „како најлош, потпишан некогаш“ и побара документот да биде преиспитан. Двајцата лидери од двете страни на Атлантикот се во дилема. Премногу можно е американскиот претседател да ги повлече САД од НАФТА или да биде толку строг во наметнувањето на барањата што ќе доведе до повлекување на Канада и Мексико од договорот. Бараната од Доналд Трамп линија која ги става интересите на Америка пред сите останати држави, ја зголемува можноста за поделбата меѓу земјите.

Неслучајно преговорите за ревизија на НАФТА влегоа во ќорсокак, а атмосферата меѓу САД, Канада и Мексико по четвртиот круг на преговори се дефинира како „сложена“, а условите на САД – како премногу сурови. Стравувањата на значителен дел од трговските претставници се дека позициите на САД се со јасна протекционистичка насоченост и можат да се минимизираат или елиминираат механизмите кои постојат во последните 23 години. Од стапувањето во сила на договорот во 1994 година, трговијата на САД со Мексико и Канада речиси тројно се зголеми, но расте побрзо од трговијата на Америка со остатокот од светот. Мексико и Канада се соодветно вториот и третиот по големина извозник на САД по Кина. Изгледа тоа е причината поради која харизматичниот канадски премиер Џастин Трудо не успеа да извлече од Доналд Трамп јавно потврда дека ќе го потпише договорот при средбата меѓу двајцата пред неколку дена. Иако три четвртини од канадскиот извоз беше насочен кон САД, трговските односи меѓу Америка и Канада се заострија токму при стапувањето на Трамп на позицијата.

Разликите во приоритетите на Канада, Мексико и САД, кои беа истакнати за време на преговорите во Вашингтон меѓу 11 и 15 октомври, стануваат се понападни. Преговарачите од страна на Канада се збунети од тоа колку смели се некои од американските барања кои вклучуваат и решавањето на споровите меѓу инвеститорите и државата, при што компаниите можат да тужат влади, ако локалното законодавство има негативно влијание врз нивните профити.

Едно од клучните предизборни ветувања на Доналд Трамп беше токму да ги предоговори клаузулите во НАФТА. Главниот фокус за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е намалувањето на билатералниот трговски дефицит на САД со Мексико и зголемување на извозот на САД кон остатокот од блокот. Освен тоа Доналд Трамп сака да ги задржи работните места во американската индустрија, што е уште еден значаен аргумент за ревизија на договорот. САД нудат и поголеми барања во однос на внатрешно произведените компоненти кај автомобилите, кои користат намалени царини при извоз, како и правила кои го одредуваат процентот на додадена вредност на даден производ во рамките на НАФТА.

За прв пат во трговски договор, во кој учествуваат неколку земји, САД инсистираат за додавање на барање половинате компоненти, кои се пласираат на пазарот, задолжително да бидат американски. Мотивите на САД се дека токму на овој начин ќе ги вратат производствените процеси во земјата, но на Канада и Мексико ќе им биде тешко да проголтаат такво барање. САД сметаат дека е неопходно и тоа да има и клаузула за раскинување на договорот, што не е типично за меѓународните трговски договори. Предлогот е НАФТА да заврши по 5 години, освен ако договорот не биде продолжен и од трите држави.

Автомобилскиот сектор на САД е главната цел на овие предлози. Сепак поголемиот дел од американските автомобилски компании се противат на примената на мерките. Синџирите на снабдување на автомобили во САД, Канада и Мексико се толку тесно поврзани, дека наглото менување на барањата на содржината на регионално ниво би предизвикало големи проблеми во целиот блок. Покрај тоа, не е јасно дали повисоките барања за компонентите ќе помогнат на автомобилскиот сектор во САД во долг рок. Автомобилите и деловите произведени во САД, не се толку конкурентни како што некогаш биле. Во исто време многу компании имаат тенденција побрзо да ха платат најскромната тарифа од 2,5 проценти, која САД ја применуваат за многу комерцијални возила, отколку да се ангажираат со почитувањето на преработените правила.

Производителите на автомобили нема да бидат единствените во САД, кои ќе почувствуваат неправда. Претставниците и на други сектори веќе го критикуваа трговскиот претставник на САД, Роберт Лајтхајзер дека занемаруваат некои процедури при разгледувањето на прашањата. Лајтхајзер има водечка улога во трговските преговори, но е обвинет за тоа дека ги поднесува своите главни предлози пред Канада и Мексико како официјален став на САД, без за нив да има консензус. Ова се однесува на предлогот за воведување на клаузула за активностите кои можат да бидат преземени по истекот на 5-годишниот период на договорот и за промената на механизмот за решавање на споровите меѓу инвеститорите и државата.

Се очекува плановите на американската администрација за земјоделскиот сектор исто така да предизвикаат проблеми, бидејќи наметнуваат ограничувања при сезонската трговија на одредени култури во периодот на жетвата. Отава има други забелешки за американските планови. Освен што има желба да ја задржи контролата во млечниот сектор, канадската влада сака да го зачува овој механизам за решавање на споровите по Поглавјето 19. Оваа клаузула овозможува на компаниите да избегнуваат внатрешни судови кога ќе обжалат дела за антидампинг и компензаторни давачки. Од друга страна, Канада зборува за потребата од модерни идеи во врска со заштитата на животната средина, како и за набавката на работна сила и користењето на нејзиниот целосен потенцијал.

Во меѓувреме Мексико исто така, одлучи да се соочи со САД. На 5 октомври група од сенатори од Институционалната револуционерна партија Енрике Пења Нието соопшти шест црвени линии, со кои нема да се согласат при усвојувањето на новата варијанта на НАФТА. Повеќето од најистакнатите од нив прашања се поврзани со мерките кои САД ги предложија да ги додадат или да ги менуваат, вклучувајќи и клаузулата за истекот на договорот во рок од 5 години, барањата за компонентите, како и механизмот за спорови за Поглавјето 19 и сезонското ограничување на земјоделски производи. Администрацијата на Пења Нието се обидува да постигне договор за НАФТА пред следниот кабинет да дојде на власт.

И Мексико, и Канада, и САД се согласуваат барем за едно нешто: Колапсот на НАФТА ќе биде болен за сите вмешани страни. Освен тоа, за сите е јасно дека НАФТА има потреба од ажурирање, за да одговори на предизвиците на дигиталната ера, поврзани со прекуграничниот пренос на податоци, со заштитата на личните податоци при онлајн трговија и со сајбер безбедноста. Но постигнувањето на компромисна варијанта нема да биде лесно поради јазот во приоритетите на земјите.

Предвидено е преговорите да се одржуваат на двонеделни интервали, а најоптимистичките предвидувања се дека ќе завршат во почетокот на идната година. Можно е сепак да се дојде до компликации – не само поради изборите во Мексико, кои се закажани за наредното лето, но и поради среднорочните избори во САД во есента 2018 година.

Преговорите за НАФТА сè уште се нејасно двосмислени, а опасноста дека претседателот Трамп ќе ги повлече САД од Северно-американскиот договор за слободна трговија е реален. Повлекувањето од пактот ќе доведе до големи промени за економијата, но Трамп е категоричен дека нема да ги толерира неправедните услови што ги обезбедува НАФТА.

САД, Канада и Мексико не плаќаат ништо за повеќето стоки што ги преминуваат границите. Ако САД го напуштат договорот, тарифите или даноците што ќе ги наметнат Канада и Мексико на нивната стока ќе се зголемат. За некои стоки, тарифите може да достигнат до 150%. Ова ќе доведе до повисоки цени и пониски профити за компаниите.

Најверојатно сценарио е дека Мексико и Канада ќе продолжат да склучуваат трговски договори со други земји, а способноста на Британија да соработува со нив е премногу голема.

Извор: standard.mk

Karmen
To Top