Новости

Економија

Над 50 000 туристи ја посетија Македонија во ноември, најбројни Турците

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2017 година изнесува 50 869, а бројот на ноќевањата изнесува 115 749.

Бројот на туристите во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 15.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18.1%.

Бројот на домашните туристи во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 1.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.5%.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 0.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 35.9%.

Во периодот јануари-ноември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.7%, а кај странските има зголемување за 23.5%. Во периодот јануари-ноември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.6%, а кај странските има зголемување за 22.6%.

Што посетувале и од каде се најбројни посетителите прочитајте ТУКА.

GOLD
SN Finansii
To Top