Новости

Економија

Наместо дизел, некои компании во царина пријавуваат екстра-лесно гориво

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Забелешките на дел од компаниите околу новиот Закон за енергетика го отвори прашањето на даночно затајување и неплаќање на акцизата на дел од увозниците. Големите компании кои инспекторите редовно ги контролираат, побараа изедначување на акцизата за екстра лесното масло или попознато како нафтата за домаќинство со акцизата за дизелот. Велат дека малите увозници, поради неможноста да се утврди кој дериват го царинат, наместо дизел, на граница пријавуваат нафта за домаќинство. На тој начин ја прелажуваат државата за девет денари по литар за акциза.

Од Министерството за финансии не одговорија дали се запознаени со можностите за вакво даночно затајување.

Министерство за финансии:

Што се однесува до даночната евазија, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи работат и континуирано применуваат мерки за подобрување на наплатата и намалување на даночното затајување.

Дел од компаниите освен што бараат засилени контроли на увозот, како и поголеми контроли од страна на Пазарната инспекција, која во моментов има проблеми со функционирањето, сметаат и дека проблемот ќе се отстрани со тоа што наместо сегашните две лиценци, со новиот Закон ќе се издава една и тоа за складирање и за трговија на големо.

Со ова контролата на дериватите би била далеку поедноставна. Од Министерството за економија велат дека сакаат да соработуваат со бизнис заедницата.

Коментарите, сугерирањата или нивните мислења во врска со новиот закон за енергетика ќе се разгледаат и ќе се вметнат во текстот на новиот закон кој ќе се донесе во Влада за усвојување, а подоцна и во Собрание“, рече Исмаил Љума, Министерство за економија.

Инаку, ако наместо дизел за царинење се пријави екстра лесно гориво, тогаш годишното затајување на данок би било над седум милиони евра, а нелегалната екстра-заработувачка на трговците би била токму оваа сума.

Извор: www.alsat-m.tv

СН Финансии
To Top