Новости

Економија

Наскоро нов продукт на македонскиот осигурителен пазар – наменет за најмладите

Сите ние размислуваме примарно за иднината на нашите најмили – нашите деца, како да им ја обезбедиме најдобрата иднина.

Токму затоа од СН Осигурителен Брокер АД Битола го најавуваат детскиот пакет, кој е резултат на соработката на раководителот за животно осигурување во СН Осигурителен Брокер, Хелена Цветкоска и компанијата за животно осигурување Winner Life.

„Огромна чест и задоволство ни е да го најавиме новиот продукт кој ќе го размрда осигурителниот македонски пазар, пакет кој е наменет за најмладите, оние кои најмногу ни значат – а тоа се децата! Овој пакет нуди единствени услови кои досега не биле понудени за склучување на ваков договор и тоа е клучната работа која ќе ги направи различни. Наскоро пакетот ќе биде и официјално претставен со сите детали“, изјави Хелена Цветкоска, раководител за животно осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Сите оние кои се заинтересирани за новиот детски пакет слободно можат да прашаат и да се информираат за повеќе детали на helena.cvetkoska@snbroker.mk или на телефон: 078/418397.

 

GOLD
SN Finansii
To Top