Новости

Економија

Новата листа на УЈП има помалку должници и намален долг

УЈП го објави првиот преглед на должници за неплатени даночни обврски во 2018 година кој споредено со последно објавениот од претходната година има помал број на должници и помал неплатен вкупен долг. Листата на должници се однесува на долгови доспеани до 30.09.2017 и неплатени до 31.12.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини

Според податоците на УЈО на последната листа на должници има за 324 помалку физички лица должници од претходно или вкупно 1594, но и 13 правни лица должници повеќе од претходно или вкупно 2370. Во однос на вкупниот неплатен долг УЈП открива дека

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2018 изнесува 10,767,568,528 денари, помалку за 198,500,347 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,738,756,623 денари (помалку за 182,126,222 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 28,811,905 денари (помалку за 16,374,125 денари од претходната листа).

Во продолжение на следниот линк може да ја прегледате целосната нова листа на даночни должници.

Evrotip
Евротип
To Top