Новости

Економија

Ова се новите цени на горивата од полноќ

Нови цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ. Регулаторна одлучи бензините да поскапат за половина денар, а дизелот во следните две недели да се точи по цена помала за 1 денар.

Имено, ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и после полноќ неговата цена ќе изнесува 69,50 ден/лит.

Дизелот ќе чини 59,50 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 48,00 ден/лит.

Се намалува и цената на мазутот која ќе изнесува 29,099 ден/кг.

Овие цени почнуваат да важат од ноќеска на полноќ и ќе бидат на сила во наредните две недели.

GOLD
SN Finansii
To Top