Новости

Економија

Основачот на „Амазон“ стана најбогат човек во светот

Џеф Безос е најбогат човек на сите времиња бидејќи неговото богатство достигна неверојатни 105,5 милијарди долари.

Мнозинството на неговото богатство доаѓа од Амазон, акциите на компанијата вчера пораснале за 1,4 отсто и додале околу 1,4 милијарди долари во џебот на Безос.

Иако е најпознат по основање на компанијата Амазон, како многу други милијардери, води и други бизниси. Сопственик е на Вашингтон пост и Блу ориџин, компанија која се занимава со приватни пратувања во вселената.

Иако заработил невидено богаство, вели дека не го покренал Амазон само за да се збогати.

„Знаев дека кога ќе наполнам 80 години, ќе зажалам поради се ова. Ќе зажалев ако не пробав да учествувам во таа работа која се вика интернет. Знаев дека тоа ќе биде нешто големо“, рекол во едно интервју пред неколку години.

Богатството на Безос во 2017 се зголеми за дури 32,6 милијарди долари, што е најголем раст во историјата на Индексот на милијардери на Блумберг на кој второ место го држи Бил Гејтс со 89,1 милијарда долари.

Со зголемување на богатството основачот и шеф на Амазон, се поставува прашањето што планира да направи со тие пари.За разлика од Гејтс или американскиот вложувач Ворен Бафет, Безос засега релативно се одрече од мал дел од своето богатство во корист на сиромашните.

Шефот на Амазон од неодамна и се посвети на филантропијата. Во јуни преку Твитер побара совети за тоа како најдобро да им помогне на другите. Од 2002 година, Безос ги подели акциите во сегашната вредност од околу 500 милиони долари, пресмета Блумберг.

Гејст (62) да не поделеше чисти 700 милиони долари вредни акции на Мајкрософт и поделил речиси три милијарди долари добротвори организации, тој денес убедливо би бил прв на листата најбогати луѓе на светот, тежок околу 150 милијарди долари.

faktor.mk

To Top