Новости

Економија

Половина милион Срби живеат под границата на апсолутна сиромаштија

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Во Србија 7,3 отсто од населението или околу 500.000 луѓе живеат под границата на апсолутна сиромаштија, меѓу кои се и 100.000 деца. Ова го соопшти Билјана Младеновиќ од Тимот за социјално вклучување и намалување на сиромаштијата на Владата на Србија, повикувајќи се на статистички податоци од 2016 година.

Апсолутната линија на сиромаштија е линија под која не може да се задоволат основните потреби за живот.

Според Младеновиќ, најранливите категории на население се оние надвор од градските центри, семејствата со повеќе од пет члена, како и семејствата со деца, а исто така се погодени од ниските нивоа на образование и невработеност.

Инаку, во Србија живеат околу 7, 5 милиони жители. 

Извор: novamakedonija.com.mk

Karmen
To Top