Новости

Економија

Протестите во Иран ја зголемија цената на нафтата

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

По антивладините протести во Иран, цените на нафтата на меѓународните пазари вчера пораснаа. На лондонскиот пазар цената за барел порасна 43 центи, на 67 долари, а на американскиот пазар цената за еден барел порасна 49 центи, на 60,87 долари.

„Изненадува тоа што цените и понатаму се на повисоко ниво и дека се приближија до највисоките вредности во последните две и пол години и покрај тоа што причината за нивниот пораст полека исчезнува“, коментира Карстен Фриц од Комерцбанка потсетувајќи дека повторно е отворен нафтоводот „Фортиес“, со кој нафтата пристигнува од поле во Северното Море.

Трговците сметаат дека цените во последно време премногу пораснале со оглед на тоа што американското производство и понатаму би требало да се зголемува, а се поставува и прашањето дали може побарувачката да расте со исто темпо како досега.

Од средината на 2016 година американското производство порасна речиси 16 отсто достигнувајќи кон крајот на минатата година ниво од 9,75 милиони барели дневно.  Значителниот пораст на цените ги отфрли и сомневањата дека Русија можеби во целост не го исполнила ветувањето дека ќе го намали производството за 300 илјади барели дневно.

Москва со овој договор се приклучи на договорот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и групата на независни производители дека од почетокот на 2017 година до септември годинава ќе го намалат производството на 1,8 милион барели дневно.

Извор: makfax.com.mk

GOLD
SN Finansii
To Top