Новости

Економија

„Се може да заборавиш, но данок не“ – побрзајте пред да настане метеж во УЈП!

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

И годинава ќе мора да се поднесе годишна даночна пријава до УЈП и покрај владините ветувања дека обврската ќе биде укината. Единствено олеснување е можноста документот да се достави преку e-mail. Рокот истекува на 15-ти март, за оние кои нема да го испочитуваат предвидени се казни од 500 до 1.000 евра.

Кој има обврска да пријави данок?

Кој има обврска да пријави данок? Обврска за поднесување на годишна даночна пријава имаат сите граѓани кои минатата година освен плата имале дополнителни приходи од награди, авторски права, договори на дело, кирии, бонуси, добивки од игри на среќа поголеми од 5.000 денари, дивиденди, приходи остварени преку интернет, продажба на недвижен имот, примања од странство, работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација и други дополнителни видови приходи надвор од редовната плата или пензија, но и оние кои добиле К-15 односно регрес за годишен одмор.

Граѓаните кои оствариле дополнителни приходи, а нема да достават даночни пријави се соочуваат со казни од 500 до 1.000 евра.

Корисни совети при пополнување на даночната пријава

Побарајте збирна пресметка од работодавачот кој ви исплаќал приходи во 2017-та година! Работодавачот, односно исплатувачот на приходот, кој ви исплатил приход во изминатата година, има законска обврска најдоцна до 25 јануари да ви издаде збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатени приходи, платениот персонален данок и придонеси во.

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишната бруто пензија, социјални придонеси и персонален данок.

Фондот за здрaвствено осигурување (ФЗО) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на породилно боледување, социјални придонеси и персонален данок.

Годишната даночна пријава е бесплатна и можете да ја преземете од веб страницата на УЈП (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21).

Во Пријавата е овозможен компјутерски внес на податоците во бараните полиња. Откако ќе ги пополните отпечатете ја во 2 примерока.

Следете го упатството за пополнување кое е составен дел на Годишната даночна пријава.

Доколку имате проблеми јавете се на бесплатниот број 0800 33 000 во контакт центарот на УЈП.

„Со цел навремено прилагодување на новиот начин на пријавување, пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход препорачуваме секој граѓанин да се регистрира на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk“ велат во Управата за јавни приходи.

Пријавата може да се достави и преку e-mail

За прв пат годинава даночната пријава ќе може да се достави и по e-mail преку сервисот на следниов линк… etax-fl.ujp.gov.mk

Документот може да биде испратен и по пошта и секако да биде поднесен лично до која било подрачна канцеларија на УЈП. На граѓаните на располагање им стои и мобилниот даночен шалтер кој овој месец ќе биде на 6-ти во Долнени, на 9-ти во Дебреште, на 14-ти во Житоше, на 21-ви во Кривогаштани, на 27-ми во Пласница и на 28-ми во Илинден. Штандот ќе биде поставен пред општинските згради односно во центарот на населеното место.

Лани годишна даночна пријава доставиле 439.689 граѓани кои доброволно пријавиле годишни бруто приходи од 2 милијарди 822 милиони и 634 илјади евра на што им бил пресметан персонален данок на доход во висина од 164 милиони и 767 илјади евра.

Извор: denar.mk

To Top