Новости

Економија

Хрватска и Грција на дното во ЕУ, но кој ја предводи листата

Хрватска покрај Грција во четвртиот квартал од 2017 година забележа најслаб раст на БДП на квартално ниво меѓу земјите во ЕУ, покажува извештајот на европската статистика.

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Хрватскиот БДП во последниот минатогодишен квартал според сезонски прилагодените податоци порасна за 0,1 проценти во однос на претходните три месеци кога бил зголемен за 0,7 проценти, покажуваат податоците на Евростат.

Иста стапка на раст, најниска меѓу земјите на Европската унија, според расположливите податоци на Евростат, забележала и Грција. Нешто посилно на квартално ниво пораснале италијанската и летонската економија, за 0,3 проценти.

Најсилен раст во последните три минатогодишни месеци забележа Естонија, од 2,2 проценти. Следат Словенија со 2,0 проценти и Литванија со 1,4 проценти, покажуваат податоците на Евростат.

На годишно ниво, според расположливите податоци на Евростат, најсилен раст во четвртиот минатогодишен квартал забележала Романија, од 7,0 проценти. Следат Словенија со 6,2 проценти, Естонија со 5,3 проценти, Чешка со 5,2 и Унгарија со 4,9 проценти.

Најлаб раст на годишно ниво забележале Данска и Велика Британија, од 1,2 проценти, односно 1,4 проценти.

GOLD
GoldSlot
To Top