Новости

Економија

Цените на храната во светот стабилни во јануари

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Цените на храната во светот беа стабилни во месец јануари во однос на претходниот месец, бидејќи поскапувањето на житарките и маслото за јадење е избалансирано со поевтинувањето на млечните производи и шеќерот, соопшти денес Агенцијата при ОН за храна – ФАО.

Индексот ФАО за јануари изнесува 169,5 и е ист како во декември. Со индексот на месечно ниво се мерат промените на цената на кошницата житарки, масло за јадење, млечни производи, месо и шеќер.

Цените на храната на меѓународните пазари се помали за речиси три проценти отколку во јануари 2017 година, се наведува во соопштението.

Земјоделските производи излегоа од турбулентниот период и агенцијата при ОН очекува дека ситуацијата во врска со нив ќе биде стабилна во наредната деценија.

ФАО го зголеми прогнозираното производство на житарки во 2017 година на 2,64 милијарди тони, што е за 1,3 проценти повеќе од жетвата во 2016 година и претставува рекорд на сите времиња.

 

Извор: denar.mk

Студирајте на БАС
To Top