Новости

Економија

Што поскапе во 2017 година?

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот во декември 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на цените на мало 100.4.

Во 2017 година, во однос на 2016 година, индексот на трошоците на живот бележи пораст од 1.4%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 3.2%.

Движењето на индексот на трошоците на живот во 2017 година беше различно по одделни групи на потрошувачка.
Пораст на индексите е забележан во групите: Комуникации за 8.5%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 6.3%, Транспорт за 5.5%, Ресторани и хотели за 3.8%, Облека и обувки, Рекреација и култура за 1.0%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0.5%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3%.

Намалување на индексот е забележано во групите: Здравје и Останати стоки и услуги за 0.6%, Образование за 0.3%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2%.

Движењето на индексот на цените на мало во 2017 година, исто така, беше различно по одделни групи на производи.

Пораст на индексите е забележан во групите: Услуги за 5.5%, Индустриско-непрехранбени производи за 2.3%, Земјоделски производи за 0.9% и Индустриско-прехранбени производи за 0.8%.

Групата Пијалаци е на ниво од претходната година.

Индексот на трошоците на живот во декември 2017 година, вo споредба со декември 2016 година, забележа пораст од 2.4%, а индексот на цените на мало забележа пораст од 4.9%.

Порастот на индексот на трошоците на живот во декември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на компирот за 1.8%, јајцата за 1.0%, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0.7%, оризот за 0.6%, другите прехранбени производи за 0.4%, трбушките, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.2%.

Исто така, во декември 2017 година, пораст на индексите на трошоците на живот е забележан и кај болничките услуги за 6.2%, течните горива за домаќинствата за 3.9%, авионскиот превоз на патници и туристичките пакет-аранжмани за 2.1%, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, другите лични предмети за 2.0%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1.8%, гасот за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата и услугите за сместување за 1.2%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.8%, поправките
на мебелот, покуќнината и покривките за под за 0.7%, услугите за култура за 0.5%, текстилот за домаќинствата, услугите за рекреација и спорт за 0.4%, цврстите горива, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата, мотоциклите, домашните миленици и сродни производи и угостителските услуги за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на живот во декември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.0%, брашното и другите жита за 0.7%, рибата и морските плодови за 0.5%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0.4%, безалкохолните пијалаци за 0.3%, другите пекарски производи, сувото овошје и јаткастите производи за 0.2%.

Исто така, во декември 2017 година, намалување на индексите на трошоците на живот е забележано и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5.2%, обувките за 1.8%, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ата, филмовите за 1.3%, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 1.0%, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.9%, мебелот за домаќинствата, информатичката опрема за 0.6%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.4%, малите електрични апарати за домаќинствата, телефон и телефакс опремата за 0.2%.

Студирајте на БАС
To Top